Мик Шумахер сигурно ќе биде Формула 1 возач во иднина, смета Жан Алези, поранешниот возач на Ферари и добар пријател на славниот татко на младиот Германец, седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер.
20-годишниот Шумахер Јуниор оваа година се натпреварува во Формула 2 шампионатот, каде што ривал му е 19-годишниот син на Алези, Џулијано, и минатиот викенд во Хунгароринг, Мик стигна до својата прва победа.
„Мислам дека ќе му биде потребно време страста која му ја даде Михаел да ја исполни на свој начин, но тој дефинитивно ќе влезе во Формула 1. Не е лесно за него да се навикне на тоа што претставува неговиот татко во Формула 1, но тоа го направи уште позрел за годините, вели Французинот.
Шумахер Јуниор е дел од возачката академија на Ферари, и веќе имаше шанси да го тестира болидот од 2019.