Алфа Ромео речиси сигурно следната сезона ќе ги постават ветеранот Кими Раиконен и Мик Шумахер, синот на легендарниот седумкратен Ф1 шампион Михаел во тимот за 2021 година, јавуваат повеќе Ф1 извори.
Алфа Ромео, поранешниот тим на Заубер, уште ги нема потврдено возачите за 2021, откако договорите на Раиконен и неговиот колега Антонио Џовинаци завршуваат на крајот на сезоната, а поради партнерството со Ферари, Шумахер Јуниор, кој е возач на академијата на Скудерија е фаворит за едното место.
Се веруваше дека Раиконен ќе замине во пензија и ќе направи место за уште еден искусен возач како Серхио Перез или Нико Хилкенберг, меѓутоа, сега Алфа има желба да го убеди 41-годишниот Раиконен да остане барем уште една година откако се покажа како клучен во развојот на болидот на Алфа, кои оваа сезона на некои трки се побрзи дури и од Ферари иако користат исти мотори.
Мик Шумахер оваа сезона е лидер во Формула 2 шампионатот како дебитант, а Ферари веќе потврдија дека ќе му дадат шанса да вози на првиот тренинг на трката во Имола следниот викенд.