Top Sport

Алфа Ромео закажа промоција во Варшава

Екипата на Алфа Ромео на 22.февруари ќе го промовира болидот со кој ќе се натпреварува оваа сезона во шампионатот на Формула 1. Болидот кој ја носи ознаката Ц41 јавноста прв пат ќе има можност да го види во Варшава.

Со болидот Ц41, Алфа Ромео има намера да им се доближи на водечките тимови и да го подобри пласманот остварен во сезоната 2020.

Минатата сезона овој тим освои осум поени и во конечниот пласмна заврши на осмото место.

Првите тестирања на новиот болид, тимот ќе ги изврши од 12. до 14.март во Бахреин.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 28.март.

За Алфа Ромео и оваа сезона ќе возат Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.

Scroll to Top