Top Sport

Алфа Таури чекаа 4.371 ден за победа – повторно Монца среќна!

Пјер Гасли стигна до апсолутно неверојатна победа на Италијанското ГП во Монца, што претставуваше прва победа во кариерата на Французинот и во исто време прва победа за тимот на Алфа Таури по неверојатни 4.371 дена, кога триумфираа на истата патека.

На Италијанското ГП во 2008 година, тимот тогаш познат како Скудерија Торо росо стигна до апсолутно шокантна победа на Монца на влажна патека, што беше прва победа на младото германско момче со име Себастијан Фетел, кој подоцна стана четирикратен шампион со „сениорскиот“ тим на Ред бул.

Дали Гасли, кој оваа година го загуби местото во Ред бул од страна на Александер Албон, може да ја следи патеката на кариерата на Фетел останува да се види.

Победата е уште поважна бидејќи Алфа Таури како домашна нација ја има Италија, бидејќи се работи за поранешниот тим на Минарди, кој вечно беше предмет на потсмев поради својата полу-аматерска работа на патеката во обично болиди стари неколку години.

Scroll to Top