Top Sport

Алонсо благодарен за збогувањето: Дури и Шуми не доби вакво испраќање

Фернандо Алонсо изјави дека е благодарен на ривалите Себастијан Фетел и Луис Хамилтон за почитта која ја покажаа во неговата последна трка, посочувајќи дека дури и еден Михаел Шумахер не добил такво збогување од Формула 1.

Алонсо ја извозе последната трка за Мекларен во Ф1 со 11. место, но и покрај слабиот резултат во уште една слаба сезона за тимот, тој ја доби наградата за возач на денот, собата за состаноци на возачите го доби неговото име, а по трката возеше „кругови“ со освојувачите на подиумот и доби пофалби од Хамилтон и Фетел.

„Бев изненаден бидејќи во минатото се тркав со големи шампиони. Со Михаел, со Џенсон Батон. Пред две-три години Батон замина и никој не ги кажа тие зборови како за мене, така што можам само да им благодарам. Сега не мислам на кам-бек, но ќе видиме следната година. Сакам да се борам за ’тројната круна’, да победам на Инди 500 и на други славни трки, како Дејтона. Во 2020 се надевам дека ќе имам цел календар – можеби во Инди Кар, можеби во Ф1, навистина не знам“, изјави Алонсо.

Scroll to Top