Фернандо Алонсо на крајот на сезоната заминува од Формула 1, така што не му пречи да каже што навистина мисли за ситуацијата во спортот по бизарните саботни квалификации за Руското ГП.
Алонсо беше еден од петте возачи кои воопшто не се трудеа на квалификациите поради големите казни на стартот кои ги имаа за менување на делови на моторот, и Шпанецот јасно кажа дека гледачите биле забавувани само од Ф2 трката во Сочи.
Алонсо и Брендон Хартли испаднаа во првите квалификации, а потоа Пјер Гасли, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен не беа во вторите квалификации, по што и Рено реши да не ги изнесе на патеката Нико Хилкенберг и Карлос Саинс Јуниор за да добие слободен избор на гуми, што значеше дека пет болиди се елиминирани во сесија без да комплетираат круг.
„За нас, возачите ова е океј, бидејќи сме навикнати да ги следиме наредбите. Но, за фановите сфаќам дека се работи за проблем. Кога имате глупости во првите квалификации и неважмни втори квалификации. Барем уживаа во Формула 2 трката. Тоа беше најзабавно за нив“, вели Алонсо.