Top Sport

Алонсо: Хамилтон има слабости, другите не знаат да ги искористат

Фернандо Алонсо признава дека неговиот поранешен клупски колега Луис Хамилтон го „кренал нивото“ во последните две сезони, но додава дека Британецот има слабости кои другите возачи едноставно не ги користат.

Алонсо, кој замина од Ф1 во 2018 година, но шпекулациите велат дека размислува за враќање во 2021 година, вели дека е интересно да се „тестира“ Хамилтон, со кого имаше една заедничка бурна сезона во Мекларен, првата на Хамилтон во Ф1 во 2007 година.

„Да, тој направи чекор напред, сега е многу поконкурентен, поподготвен. Но, има слабости кои уште не ги открија и никој не се обидува да ги искористи. Ако не може да победи, тогаш е блиску до второто место, не на 20 секунди, како што се случува со неговиот колега Валтери Ботас. Ако ја студирате неговата сезона има ист тренд – почнува споро и никој не го користи тоа. Би било убаво да се борам со него во рамноправна битка. Можеби неговите слабости не се вистинити, туку се работи за калкулација, но би сакал да откријам“, вели Шпанецот во интервју за магазинот „Ф1 рејсинг“.

Scroll to Top