Иако е двократен светски шампион во Формула 1 и еден од најплатените ѕвезди во спортот, Фернандо Алонсо тврди дека тој е само „обичен човек“.
Возачот на Мекларен секогаш е бестрашен на тркачката патека, но надвор од Ф1, тој е приземна личност која стабилно стои на земја и секогаш мисли на најважното – на своето семејство.
„Моето семејство е основа на мојот живот. Со нив споделувам сè, им ги кажувам моите интимни мисли, моите соништа и моите цели за иднината. Ништо не правам пред да разговарам со моето семејство. Честопати кога патувам им се јавувам пред да се качам во авион, без разлика на временската зона. Исто така честопати разговараме на Скајп“, вели Алонсо во интервју со германскиот „Билд“.
Алонсо за разлика од четирикратниот шампион и негов поранешен клупски колега, Луис Хамилтон, не го покажува своето богатство и тој се концентрира на едноставен и практичен приод кон секојдневието.
„Знаете, јас сум многу обичен човек, нормално дете, нормален пријател. Ја знам цената на млекото во супермаркетот во Лугано, каде што живеам. Исто така сакам да готвам и да одам во кино. Кога си Формула 1 возач, сите сакаат да ти угодат, без разлика дали е тимот или спонзорите. Но, надвор од Ф1, самиот си ги резервирам билетите и ги споредувам цените онлајн. Внимателен сум со трошењето. Сам си ги решавам проблемите“, вели Алонсо.
Фото: ЕПА