Top Sport

Алонсо: Кацигата од Шуми ми е еден од најдрагоцените предмети

Фернандо Алонсо во 2005 година ја прекина доминацијата на Михаел Шумахер и Ферари победувајќи го за титулата, а сега четири години по сериозната повреда на главата која ја доби при пад на скијање, Шпанецот се потсети на својот најголем ривал.

„Тој беше опасен натпреварувач, тоа е првото нешто што ми доаѓа на ум. Беше многу брз, застрашувачки понекогаш. Не само на патеката. Шумахер е еден од тие луѓе кои се повеќе од тоа што го гледате на прв поглед. Кога ќе доаѓапе кон вас, знаете дека е некој посебен. Знам дека многумина имаат проблем со тоа како тој се однесуваше на патеката, но тој беше единствен кој со инфериорен болид можеше да победува“, вели Алонсо.

Во последната сезона со Ферари во 2006 година, Шумахер му подари на Алонсо една тркачка кацига, гест на кој Шпанецот уште се сеќава.

„Секогаш ќе ја чувам кацигата која ми ја подари Михаел, бидејќи тој без сомнеж беше еден од најдобрите возачи против кои сум се тркал. Секогаш беше мој пример. Ќе беше фасцинантно да се бориме еден со друг со иста машинерија. Голем човек“, додава Шпанецот.

Scroll to Top