Фернандо Алонсо, кој неодамна стана официјален член на Реал Мадрид, знае дека е „против“ дел од своите колеги во тимот на Мекларен со навивањето за шпанскиот клуб во саботното финале од Лигата на шампионите, веднаш по квалификациите во Монако.
Ливерпул одат на шеста европска титула, додека Мадрид одат на 12-та, и трета едноподруго во Киев. Алонсо вели дека цел живот навива за Мадрид, така што ќе биде незгодно против неговите англиски механичари и инженери.
„Претпоставувам дека има навивачи на Ливерпул во тимот, и ќе го дознаам тоа во сабота навечер. Јас сум член на Реал Мадрид, така што сигурно ќе навивам за нив, но нема да биде едноставно. Многу од механичарите и инженерите се Англичани, така што ќе морам да славам ако победиме достоинствено. Сепак, не можевме да посакаме подобар меч“, вели Алонсо.
Фото: ЕПА