Top Sport

Алонсо нема сили за уште една сезона со Мекларен, Норис негов наследник?

Според шпекулациите во шпанските медиуми, Фернандо Алонсо заминува од тимот на Мекларен на крајот на сезоната, и негова замена ќе биде ценетиот млад Британец Лендо Норис.

Порталот „Диарио гол“, вели дека Алонсо уште повеќе е исфрустриран оваа сезона откако Мекларен не покажаа голем прогрес да се доближат до тимовите на Мерцедес, Ферари и Ред бул иако ја сменија Хонда со Рено по фрустрирачки три сезони со нестабилните мотори на јапонската компанија.

Мекларен имаат опција да го продолжат договорот за уште една година, но Алонсо сака да си ја обиде среќата на друго место. Мерцедес и Ферари би можеле да имаат слободно место на крајот на сезоната, бидејќи договорите на Валтери Ботас и Кими Раиконен завршуваат на крајот на годината.

Алонсо би можел да се обиде и во поинакво тркање, откако оваа година ќе вози во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) во обид да се победи на 24 Часа Ле Ман.

Фото: ЕПА

Scroll to Top