Top Sport

Алонсо се чувствува млад и „остар“ пред камбекот

Фернандо Алонсо вели дека му се вратила „младоста“ пред неговиот камбек во Формула 1 во 2021 со тимот на Алпине Ф1 (досегашниот Рено).

Алонсо стана ѕвезда во Формула 1 на почетокот на 2000-те, по што во 2005 и 2006 година ја освои светската титула пред Рено, по што возеше во Мекларен, Ферари и Рено, но не успеа да освои нова титула за по крајот на сезоната 2018 да си замине од спортот. Сега, тој по третпат се враќа во својот стар тим и објаснува зошто си заминал од Формула 1.

„Тогаш размислував за други работи, како Инди кар и тројната титула. Се фокусирав на Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) и на Ле Ман, а мислев дека можам да се обидам и на Дакар релито. На умот имав многу работи кои не беа поврзани со Ф1, а ми изгледаше дека спортот не ми го нуди тоа што го посакувам. По комплетирањето на некои од тие предизвици, сметав дека е време да се вратам, иако новите правила во Ф1 стапуваат на сила во 2022. Се чувствувам добро, младо и ‘остро’. Да се обидеме повторно“, вели Алонсо.

Scroll to Top