Ф1 ветеранот, двократниот светски шампион Фернандо Алонсо проговори за контроверзната сезона 2007, кога имаше славен конфликт со Луис Хамилтон во својата прва сезона во Мекларен, велејќи дека Британецот не бил виновен, туку одговорноста била кај Рон Денис и управата на тимот.
Хамилтон дебитираше таа сезона во Ф1, додека Алонсо пристигна како двократен шампиони, и како што се движеше сезоната, конфликтите стануваа појасни, но Шпанецот вели дека вината никогаш не била кај возачите.
„Минатото е зад нас, а покрај тоа ништо не се случи со Хамилтон. Проблемите беа со тимот, со кој имавме многу различни мислења. Тој веруваш дека тимот мене ми дава нешто посебно, а и јас го имислев истото. Не се разбиравме, но секогаш имаше почит меѓу нас“, вели Алонсо.
Најголем пример таа сезона беше Унгарското ГП, кога во квалификациите, Хамилтон го прекрши договорот меѓу возачите за да добие предност во моменти кога беше лидер во генерален пласман со 2 поени предност. Алонсо врати со стопирање во боксот додека долеваше гориво за последниот квалификациски круг, по што доби казна и му беше одземена пол-позицијата.
Хамилтон победи на таа трка, Алонсо заврши како четврти, а иронично Мекларен ја загуби титулата во последната трка, откако Кими Раиконен во Ферари имаше на крајот само еден поен пред двајцата возачи.
2007 HUNGARY
THAT qualifying incident at McLaren.
Lewis Hamilton had disobeyed team orders, jumping Fernando Alonso & left the pits first at the start of Q3, so the Spaniard retaliated by holding up the Briton near the end.
Alonso was stripped of pole & started p6 #F1 pic.twitter.com/m6aSCIErns
— F1 in the 2000s (@CrystalRacing) August 4, 2020