Top Sport

Алонсо се потсмева со Ферари и Саинс: Јас кога бев втор, беше како погреб

Двократниот светски шампион, а сега возач на Алпине, Фернандо Алонсо смета дека не добивал доволно почит за неговите подиуми со Ферари, реагирајќи на второто место на неговиот сонародник Карлос Саинс Јуниор на трката во Монако.

Алонсо има 32 победи и 97 подиуми во кариерата, од кои во петте сезони со Ферари имаше 11 триумфи и 32 места на подиумот, но не успеа да освои титула со Скудерија. Подиумот на Саинс беше само втор подиум на Ферари последните две сезони.

„Се сеќавам дека пред пет-шест години кога имав 9 или 10 подиуми по сезона. Ако бев втор, тогаш на прес-конференциите беше како да сме на погреб, бидејќи секогаш ме прашуваа: ‘Кога ќе почнеш да победиуваш?’. Од сегашна перспектива се гледа дека тие пет-шест години моите подиуми не се очитуваа“, вели Алонсо.

Тој, сепак, додава дека е задоволен од успехот на Саинс, кој во минатото изјавуваше дека токму Алонсо му е идол.

„Многу сум среќен за Карлос. Зборував по него по подиумот. Тоа е добро за шампионатот и се надевам дека ќе продолжи така“, додава Алонсо.

Scroll to Top