Top Sport

Алонсо смета дека Расел е иден светски шампион

Фернандо Алонсо зад себе има огромно искуство и две светски титули, така што неговиот збор „тежи“ во Формула 1, и не изненадува што на неговиот ривал, возачот на Вилијамс, Џорџ Расел му порача дека е иден светски шампион.

Алонсо, кој оваа година се врати во Ф1 со Алпине Ф1, ги смени кацигите со Расел по трката во Монако и му напиша посебна порака на кацигата.

„Џорџ, ти си следен светски шампион“, напиша Алонсо, на што Расел можеше само да одговори: „Грасијас, легендо“.

Ова не е првпат Алонсо да го искаже своето почитување кон Расел, откако на крајот на минатата сезона изјави дека Британецот е најпријатното изненадување во Ф1.

„Како вози со Вилијамсот и не прави грешки, навистина ги изненадува сите. Ако сметам на еден возач во иднината, тоа ќе биде Џорџ Расел“, изјави Алонсо тогаш.

Scroll to Top