Top Sport

Алонсо: Со обичен болид, Хамилтон немаше да има таков животен стил

Фернандо Алонсо смета дека неговиот поранешен колега, Луис Хамилтон може да си дозволи животен стил каков што го има само бидејќи Мерцедес му даваат доминантни болиди.

Хамилтон лани ја освои својата шеста светска титула, но тоа не му пречеше да има многу активности надвор од тркањето – модни ревии, снимање музика, дружење со поп-ѕвездите… Кога беше запрашан да го спореди Хамилтон со Михаел Шумахер, Алонсо имаше интересно мислење.

„Двајцата имаат посебен карактер. Двајцата доминираа поради нивните болиди, што им дозволи да прават што сакаат надвор од Формула 1. Михаел имаше повеќе дисциплина и подготовки за трки, и беше вклучен во тимската динамика. Луис има поинаков карактер и животен стил кој би бил невозоможен со обичен Формула 1 болид, бидејќи неговите шефови не би го до зволиле тоа“, вели Алонсо во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top