Top Sport

Алонсо тажен што Кими заминува: Честопати се смеевме колку фејк спорт е Ф1

Во 2001 година, на Австралиското ГП, двајца идни шампиони дебитираа во Формула 1 – Фернандо Алонсо во тимот на Минарди (кој сега е познат како Алфа таури), а Кими Раиконен во Заубер (кој сега е познат како Алфа Ромео и каде што Финецот уште вози).

Двајцата ветерани имаат уште две трки заедно, пред Раиконен да замине во заслужена пензија, и Алонсо вели дека ќе му недостасува Финецот, со кого во 2005 првпат беа во борба за титулата – Алонсо во Рено, Раиконен во Мекларен.

„Кога почнувате во Формула 1 е знаете што ви носи иднината. Кими и јас имавме фантастични сезони во Ф1, двајцата бевме шампиони, нешто што е тешко да се оствари во овој спорт. Пресреќен сум што ги споделив годините со него. Тој е вистински карактер за Ф1, човек на кого морате да му се восхитувате. Да, понекогаш носи маска на студен и тивок човек, но на патеката е сосема различен. Тогаш го гледате вистинскиот Кими. Со него честопати зборувавме за животот во Ф1, во кој живееме во ‘меур’ и немаме нормален живот. Патуваме во авион со целосен комфор, престојуваме во хотели од пет ѕвездички, но во недела попладне сме обични луѓе. Честопати се смеевме колку Ф1 е фејк спорт“, вели Алонсо.

Scroll to Top