Top Sport

Алонсо: Во Ф1 само Британците не ги казнуваат

Двократниот светски шампио, Фернандо Алонсо смета дека во Формула 1 има различни казни за луѓе од различни националности, откако беше казнет на Руското ГП во Сочи.

Возачот на Алпине излезе надвор од патеката на првата шикана во Сочи, по што беше критикуван дека со ова сакал да добие предност. Кога беше запрашан за потегот пред Турското ГП, тој призна дека очекувал „такви прашања во Истанбул“ посочувајќи на дволичноста кога има вакви сценарија.

„Ова е само да се потврди дека кога јас ќе направам нешто, стјуардите и новинарите имаат различно однесување и добивам различни казни од другите. Бев идиот на патеката во поголемиот дел од шампионатот, кога ме претекнуваа од надворешната страна на асфалтот во првите неколку трки. Дури и во Австрија. Тогаш немаше прашања по трката. Сега, по Сочи, има прашања и тоа е само потврда дека постојат различни правила за различни луѓе“, вели Алонсо.

Тој сигурно посочува на Лендо Норис во Мекларен, кој кога ја помина белата линија на влезот во боксот во Сочи во финишот на трката и не доби казна од ФИА, нешто на што реагираше и шефот на Алфа Ромео, Фред Васер. Алонсо посочува дека британските возачи добиваат полесни казни и не се критиувани.

„Ќе видиме кога следниот кој ќе ја помине белата линија, која националност е и каква казна ќе добие“, додава Алонсо.

Scroll to Top