Луис Хамилтон последните неколку месеци води голема борба против расизмот. Неговите акции не ги подржуваа колегите од Формула 1 на начин на кој то сака, а во последно време и легендите на Формула 1 имаат што да против неговите акции.
Неколку возачи во текот на првите три викенди сезонава одбија да клекнат во знак на поддршка во борбата против расизмот. Многу се зборуваше зошто тоа не го прават Грожан, Леклер, Квјат.
Легендарниот сер Џеки Стјуарт вели дека во Ф1 не постои проблем со расизмот.
„Мислам дека Луис на многу луѓе им слуѓи за пример. Гласно говореше за тие елементи, но не мислан дека во Ф1 проблемот е толку голем. Нема да има отпор кон промените доколку некој е паметен и добар во она што го прави. Тој ќе биде прифатен во Формула 1“, рекол Стјуарт.
Со кампањата на Хамилтон е се согласува ниту американската легенда Марио Андрети.
„Многу го почитувам Луис, но зошто е толку милитантен? Секогаш бил прифатен, заслужува почит. Мислам дека ова е претенциозно. Се прави проблем кој не постои. Промената на бојата на Мерцедес во црна нема да донесе ништо добро“, рекол Андрети.
Хамилтон на Андрети и Стјуарт им одговори на „Инстаграм“.
„Ова е разочарувачки, но за жал реалноста е таква, повозрасните генерации и пнатаму не можат да разберат дека постои проблем. Ова е незнаење но тоа нема да не спречи да се борам за промени. Никогаш не е доцна да се научи нешто и се надевам дека човекот кого секогаш сум го почитувал ќе се едуцира“, напишал Хамилтон.