Шефот на Рено Ф1, Сирил Абитебул инсистира дека заминувањето на генералниот директор на францускиот гигант Карлос Госн по апсењето и скандалот со крадење на пари од компаниите Нисан и Рено, нема да има влијание на иднината на Ф1 тимот.
Госн беше еден од клучните луѓе за враќањето на Рено како фабрички тим во Формула 1, но оваа недела беше уапсен во Јапонија поради финансиски нерегуларности и отпуштен од Нисан и од Рено, каде што неговото место го зазеде Тјери Болор. По ова во француските медиуми се појавија шпекулации дека Болор е подготвен веднаш да ја „скрати“ Ф1 програмата ако не носи резултати за компанијата.
Абитебул, вели дека нема да има промена на политиката.
„Има големи промени во групацијата Рено, но постои план за работа во Рено, Нисан и Мицибуши. Ф1 е дел од таа операција, проект и активност кој е видлив, генерира внимание на нашиот бренд и носи предности во бизнисот. Причините поради кои влеговме во Ф1 во 2015 се уште тука – промоција на брендот и технолошки развој. Нема причина да се скрати тоа“, вели Абитебул.
Карлос Госн, претседателот на Рено и Нисан уапсен во Јапонија