Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене се пошегува дека Скудерија следната сезона на својата ѕвезда Себастијан Фетел ќе му даде „штитници“ за лактите откако 2018 година ја одбележи со низа конфликти со ривалите, во кои честопати тој го извлекуваше „подебелиот крај“.
Фетел се судри со Валтери Ботас во Италија, со Луис Хамилтон во Италија, со Макс Ферстапен во Јапонија и со Даниел Рикардо во САД, ситуации кои го чинеа скапоцени поени, а најголемата грешка ја направи додека водеше на домашното Германско ГП, кога се изврте додека беше лидер. Самиот Германец немаше објаснување за овие инциденти и Аривабене има решение.
„Можеби ќе му дадеме штитници за лактите за да може да се бори подобро со своите ривали кога ќе сака да има блиски средби. Но, сериозно, и ние и тој имаме иста цел. Себ сака да го покаже своето најдобро возење за Ферари, а ние сакаме да му дадеме добар болид и да ја освоиме титулата. Кога ќе му дадеме добар болид ќе направи големи работи за нас“, изјави Аривабене.