Top Sport

Астон Мартин демантираат дека Алонсо ќе го смени Фетел

Астон Мартин ги демантираа шпекулациите дека газдата на тимот, Лоренс Строл добил „корпа“ по барањето Фернандо Алонсо да го замени Себастијан Фетел во тимот каде што вози неговиот син, Ленс Строл.

Германскиот „Ауто мотор унд спорт“ тврдеше дека постариот Строл бил на гости кај менаџерот на Алонсо, Флавио Бриаторе со понуда за Шпанецот, која тој ја одбил. Според нивните извори, и покрај тоа што Фетел има речиси двојно повеќе поени од Ленс Строл, газдата на тимот смета дека неговиот син не учи доволно од Германецот.

Од Астон Мартин ги демантираа овие написи.

„Лоренс Строл не му понуди место на Фернандо Алонсо. Лоренс беше на ручек со Флавио Бриаторе на Сардинија во текот на летото, но само бидејќи се добри пријатели. Се работеше за обичен ручек, ништо повеќе“, велат од тимот.

Scroll to Top