Top Sport

Астон Мартин задоволни од моторите, во Мерцедес претпазливи

Легендарниот британски бренд Астон Мартин е „охрабрен“ од насоката која ја најави ФИА и сопствениците на Формула 1 за развој на моторите по 2021 година, зголемувајќи ги шпекулациите дека набргу ќе почнат со развој на сопствен погон.

Астон Мартин подолго време вработува луѓе со искуство во Формула 1 ,вклучувајќи персонал од Ферари (порашениот главен за мотори Лука Марморини), и извршниот директор на компанијата, Енди Палмер не го криеше задоволството.

„Ние од Астон Мартин бевне присутни на неодманешните состаноци со ФИА и бевме вклучени во разговорите со предлози и потенцијални решенија. Охрабрени сме од насоката во која се движи спортот и ќе продолжиме да ја развиваме студијата за 2021. Клучот ќе биде во трошоците за развој“, вели Палмер.

Во исто време, светските шампиони Мерцедес не покажуваат голем ентузијазам за предлогот, и шефот на тимот, Тото Волф изјави дека постои „голем скептицизам“ околу тоа дали се работи за вистински правец на развој.

„Тоа е нивна визија и предлог и ние уште не го прифативме. Мислам дека главниот недостаток е тоа што се работи за целосно нов мотор и нови инвестиции“, вели Волф.

Тој исто така е изненаден што ФИА објави толку детали за новиот мотор, откако претходно на производителите на автомобили вклучени во спортот им било кажано дека ќе има многу промени на тој предлог.

„Мислам дека сакаа да покажат дека ова е правецот во кој ќе се движиме, а ниту еден од производителите не беше премногу импресиониран. Сакаме да го решиме проблемот на високите трошоци и поголемата бучава од моторите, а тоа не го видовме. Ова е нов концепт за кој ќе треба да трошиме многу пари“, додава Волф.

Од Ферари одбија да дадат коментар, исто како и Рено и Хонда, преостанатите три производители вклучени во спортот.

Формула 1 ги објави плановите за моторите од 2021 година

Scroll to Top