Top Sport

Ауди сака да го откупи местото на Мекларен во Ф1

Германскиот автомобилски гигант, Ауди, има намера да влезе во шампионатот на Формула 1. Ауди се обидува да го заземе местото на Мекларен.

Неколку сезони, Ауди, има неуспешни обид да влезе во најбрзиот циркус. Минатата година, оваа компанија, за местото на Меклерен понуди 450.000.000 евра. Британскиот тим ја оцени понудата како недоволно добра.

Според германските медиуми, Ауди ја зголемиле својата понуда за 200.000.000 евра. Тие сакаат да ги преземат местото и опремата на Мекларен, како и актуелната погонска единица.
Инаку, Мекларен, води преговори со уште еден германски автомобилски гигант, БМВ. Двете страни потпишаа меморандум заеднички да развиваат електрични спортски автомобили.

Мекларен, минатата година, завршија на третото место кај конструкторите. Пред нив беа Мерцедес и Ред Бул.

Scroll to Top