Top Sport

Ауди сакаат да го купат Мекларен и да влезат во Ф1

Брендовите на „Фолскваген“, Ауди и Порше во следните месеци ќе одлучат дали ќе влезат во Формула 1 во блиска иднина, по многубројните шпекулации во германските медиуми. Од „Ауто мотор унд спорт“, угледниот германски магазин, тврдат дека Ауди веќе се во контакт со вториот најтрофеен тим во историјата, Мекларен за откупување на клубот.

„Фолксваген“ е привлечен за влез во Ф1 по повеќегодишно размислување откако ФИА најави нови правила за моторите кои треба да бидат воведени во 2026 година. Двете компании беа дел од преговорите со ФИА и со Ф1 и производителите околу иднината на спортот.

Според „Ауто мотор унд спорт“, Фолскваген групацијата веќе контактирала со Мекларен, Ред бул, Вилијамс и Заубер, но најзаинтересирани биле за престижниот бренд на Мекларен. Англискиот Ф1 тим тешко дека ќе се согласи на целосно преземање на клубот, а од неодамна добија инвеститори откако се продадоа 15 отсто од акциите на американската агенција „МСП спортс“ за 185 милиони фунти.

Scroll to Top