Две трки од Мото ГП шампионатот кои ќе се одржат во Австрија ќе бидат отворени за гледачите и тоа во полн капацитет, соопштија од шампионатот.
Двете трки ќе се возат на патеката „Шпилберг“ на 8. и на 15. август, за Големите награди на Штаерска и на Австрија.
„Ограничувањето на гледачите се укинува во Австрија ова лето и вратата на Ред Бул Ринг (капацитет од 40.000) ќе биде отворена за навивачите кои се вакцинирани, тестирани или излечени од коронавирусот“ стои во соопштението.
Од друга страна, возачите и членовите на тимовите и понатаму ќе бидат во „заштитен балон“.
Навивачите и претходно присуствуваа на трките во Катар и во Каталонија, а најавено е тоа да се слуи и на трката за Големата награда на Холандија.
Во генерален пласман во моментов по 6 извозени трки прв е Фабио Квартараро (Јамаха) со 115 бодови, пред Жоан Зарко (Прамак Дукати) со 101 и пред Џек Милер (Дукати) со 90 бодови.