Top Sport

Бањаја со триумф во Португалија, трката не се комплетираше поради инцидент

Мотоциклистот на Дукати – Франческо Бањаја е победник на денешната Мото ГП трка за Големата награда на Португалија.

Бањаја беше прв во поредокот во 23-тиот круг кога беше истакнато црвеното знаме поради инцидентот меѓу Мигел Оливеира и Икер Лекуона. Поради тоа двата последни круга не се возеа.

Бањаја со денешниот триумф на Дукати му ја обезбеди шампионската титула меѓу конструкторите.

На втората односно на третата позиција денеска во Португалија се пласираа Жоан Мир и Џек Милер.

Светскиот шампион Фабио Квартараро не ја заврши денешната трка.

Последната трка во Мото ГП шампионатот оваа сезона ќе се вози идната недела во Валенсија, Шпанија.

Scroll to Top