Top Sport

Батон: Макс е најталентираниот возач во историјата

Џенсон Батон, поранешен првак во Формула 1, испорача огромна количина на комплименти за она што сезоната го прикажуваат Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

„Хамилтон е неверојатен. Според искуството и квалитетот, тој е најдобриот возач на денешницата. Тоа го потврдуваат и неговите седум титули, без оглед на тоа што најчесто го има најдоминантниот болид“, рекол Батон за својот сонародник.

„Макс е неверојатно талентиран. Знам дека многумина нема да ме подржат, мислам дека Ферстапен е најталентираниот возач во историјата на Формула 1. Ред Бул не смеат да му дозволат да си замине“.

По четири трки во новата сезона Хамилтон води со 14 поени повеќе од Ферстапен. Наредната трка ќе се вози на 23.мај низ улиците на Монте Карло.

Scroll to Top