Top Sport

Батон: Ова е најдобриот Хамилтон кој сме го виделе

Иако заостанува 12 поени зад лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен по седум трки, оваа година имаме чест да го гледаме најдоброто од Луис Хамилтон, вели неговиот поранешен колега и поранешен шампион, Џенсон Батон.

Батон верува во ова бидејќи е очигледно дека В12 болидот на Мерцедес веќе не е најдобриот во Ф1, а Хамилтон се бори на секоја патека до крај.

„Од неговото време во Мекларен до сега работите се сменети, но неговиот квалитет продолжува да импресионира. Тој е самоуверен во својата способност и во своите квалитети и оваа сезона е многу посмирен во болидот. Секако, тука е адреналинот и зборови по трката за кои можеби подоцна ќе зажалите, но се гледа дека е подготвен да учи од секаква ситуација.  Затоа верувам дека ова е најдобриот Хамилтон кој сме го виделе. Дали ќе ја освои титулата, тоа останува да се види“, вели Батон.

Scroll to Top