Top Sport

Батон: Ралф Шумахер беше „дива“

Во својата нова автобиографија „Живот до лимитот“, поранешниот светски шампион Џенсон Батон го открива своето мислење за возачите со кои беше колега или против кои се тркаше во својата 16-годишна кариера во Ф1.

Еден возач остави посебен впечаток за Англичанецот, и тоа поради лоши причини – Ралф Шумахер со кого Батон возеше во првата сезона во Ф1 во тимот на Вилијамс. Батон вели дека немал предрасуди за помладиот брат на Михаел Шумахер, но мислењето се формирало веднаш.

„Јас бев Ф1 возач во Вилијамс 10 секунди – пелтечејќи, држејќи ги солзите во грло и мислејќи на моите родители, кога одеднаш Ралф доаѓа во собата, застанува покрај Френк Вилијамс и ја прави својата фаца на ’дива’. ’Не доаѓам утре ако не ме чека автомобил’, му одрече на Вилијамс. Си помислив како тоа зборува со Френк. Но, Ралф продолжи: ’Го мислам тоа, го мислам. Ако не ме чека автомобил пред хотелот, нема да тестирам’. Френк смирено му одговори дека ќе има автомобил за него и му кажа дека јас сум неговиот нов колега. ’Знам’, одговори Ралф“, открива Батон.

Батон, кој ја освои Ф1 титулата со тимот на Браун ГП во 2009 година, вели дека никогаш не можел да се навикне на партнерството со помладиот Шумахер.

„Ралф секогаш ми изгледаше несигурен, како да се плашеше дека некој ќе му земе нешто. Никогаш не ме третираше како еднаков, но можеби проблем беа годините или јазичната бариера“, додава Англичанецот.

Scroll to Top