Top Sport

Батон: Ред бул може да го сменат Перез поради лошата форма

Поранешниот светски шампион, Џенсон Батон смета дека позицијата на Серхио Перез во Ред бул рејсинг е неизвесна доколку неговите проблеми со формата продолжат оваа сезона.

Мексиканскиот возач пред еден месец беше во тесна борба со колегата Макс Ферстапен, но во последните три трки не успеа да стигне до поддиумот, додека Ферстапен стигна до вкупно шест трки оваа сезона за да отвори предност од 69 поени пред Перез, а во исто време Фернандо Алонсо во Астон Мартин е на само 9 поени од него.

„Мислам дека оваа сезона нема опасност да го сменат, но тоа може да биде сосема поинаку на крајот на сезоната. Кој би дошол на негово место? Секако, го имаат и Даниел Рикардо, но не сум сигурен дека ќе му дадат шанса. Последните три трки беа многу лоши за Чеко и сега не може да го стигне Макс за титулата“, вели Батон.

Scroll to Top