Марко Бецеки од наредната сезона ќе вози за „Скај рејсинг тим ВР46“, во Мото ГП шампионатот. Информацијата ја потврди, тим менаџерот, Пабло Нието.
„Наредната недела ќе тестираме за Мото ГП. Поради тоа би сакал сите да знаат дека на тестирањата ќе работат Лука Марини и Марко Бецеки“, изјавил претпладнево во Валенсија, Нието.
„Наредната недела одиме во Херез, сите треба да знаат дека Бецеки ќе му биде тимски колега на Марини“.
Тестирањата во Херез ќе се спроведат на 18. и 19.ноември.
Сезоната во сите категории ќе заврши овој викенд во Валенсија.