Top Sport

Бергер: Хамилтон е микс на Сена и Прост

Прославениот австриец, Герхард Бергер, го споредил Луис Хамилтон со легендите на Формула 1, Алан Прост и Аиртон Сена. Бергер е ко-сопственик на Ред Бул.

„Хамилтон е многу паметен возач. Знае да биде доволно агресивен, а да не ризикува некаков судир. Минатата година, со исклучок на Силверстон, беше речиси совршен. Неговиот стил е микс на стиловите на Сена и Прост. Но доколку мене ме прашате, најдобри се Сена и Прост. На патеката Хамилтон е подеднакво добар, со харизмата и шармот на Сена се нешто посебно. Значи број 1 е Сена“, рекол Бергер и потоа ги споредил актуелниот шампион Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

„Макс минатата година беше многу агресивен, ме интересира каков пристап ќе има оваа сезона, доколку и понатаму го има најдобриот болид. Во таков случај можеби нема да има потреба да биде толку агресивен“.

Шампионатот на Формула 1 продолжува на 10.април, со трката за Големата награда на Австралија.

Scroll to Top