Top Sport

Бергер: Нема титула за Ферари барем уште неколку години

Поранешниот возач на Ферари, Австриецот Герхард Бергер вели дека тифозите мораат да ја прифатат реалноста дека во следните две три години тимот нема да може да се бори за светска титула.

2020 беше катастрофална за Скудерија, откако во поголемиот дел од сезоната се бореа во средината, а Себастијан Фетел и Шарл Леклер ретко имаа шанси да бидат на подиумот и сезоната ја завршија на шестото место во генерален пласман.

Иако се работи за тим со огромно познавање, умешност и буџет, надежите за брзо враќање на победите се мали – следната сезона има ограничен развој на болидите, а во сила влегува и ограничениот буџет. Бергер затоа вели дека тифозите мораат да бидат трпеливи.

„Мислам дека Шарл Леклер е исклучително добар возач и за него ќе слушаме во иднина. Но, не верувам дека е возможно да се најде начин за излез од ситуацијата во која се најдоа. Секако, ќе има подобрување во следните две-три години, а дури потоа да се мисли за успех. Засега, разликата е премногу голема“, вели Бергер.

Scroll to Top