Луис Хамилтон следната сезона може да го израмни рекордот на Михаел Шумахер од седум светски титули, но поранешниот Ф1 возач, Герхард Бергер има совет за Англичанецот – прво освои осум титули, а потоа потпиши за Ферари.
Во 2019 Хамилтон ја имаше најдобрата сезона со 11 победи и најголем број на поени во генерален пласман, и по пет титули со Мерцедес е најголем фаворит и во 2020, кога нема големи промени на правилата. Меѓутоа, во последните месеци имаше голем број на шпекулации дека тој сонува за трансфер во Ферари, и поранешниот возач на италијанскиот тим, Бергер вели дека прво треба да се „заврши работата“.
„Познавајќи го Луис, не би можел да препорачам на подобар возач да ја искористи шансата и во кариерата да вози за Ферари. Тоа е совршено искуство. Да се вози за Ферари е емотивно искуство. Некои не го сакаат, некои живеат за тоа. Јас го сакам Ферари, го сакав италијанскиот менталитет, брендот и верувам дека и Луис е таков. Но, тајмингот треба да е вистински. Нека ги сруши сите рекорди со Мерцедес, нека го искористи феноменалниот тим кој го има. Никогаш не си заминуваш од победнички тим, така што можеби 2021 не е вистински момент да се направи тоа“, вели Бергер во интервју за „Гардијан“.