Top Sport

Берни Еклстоун има необичен избор за најдобар возач во историјата на Ф1

Берни Еклстоун беше вклучен во Формула 1 речиси цел свој живот поминувајќи време со сите славни возачи во последните пет децении на спортот и споре него само еден од овие возачи е „над“ другите и тоа не се работи за Аиртон Сена, Михаел Шумахер или Луис Хамилтон.

За Еклстоун, најдобриот возач е четирикратниот шампион, Французинот Алан Прост, кој според поранешниот Ф1 шеф немал поддршка каква што имале Шумахер или Хамилтон.

„Кој е најдобриот? Алан Прост! Тој никогаш немаше доволно поддршка од своите тимови. Ќе почнеше трката и тој беше сам. Мораше сам да внимава на гумите, на сопирачките и беше пеколно брз. За малку ќе освоеше уште две титули. Можеше да има шест титули, но бројките не се најважни. Тука е и Нелсон Пике, кој возеше многу брзо со послаби болиди. Во топ 4, сигурно и Стирлинг Мос и Хуан Мануел Фанџо“, вели Еклстоун.

Scroll to Top