Top Sport

Берни одговори: Девојките се дел од спектаклот

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун вели дека новите сопственици згрешиле што од новата сезона ги забраниле девојките кои ги презентираат болидите пред секоја трка, бидејќи тоа е дел од спектаклот.

„Ситуацијата станува вештачка. Треба да има девојки на стартот, бидејќи на возачите им се допаѓа тоа, на гледачите им се допаѓа тоа и во основа на никого не му е грижа. Девојките беа дел од спектаклот. Не гледам како згодна девојка со бројка покрај возачот може да биде навредливо за било кого. Тие се убаво облечени, бидејќи верувајте спонзори како ‘Ролекс’ и ‘Хајнекен’ нема да дозволат да има невкусни работи. Мислев дека е во минатото ситуацијата во која девојките не можат да завршуваат машка работа. Мислев дека сме исти“, изјави Еклстоун за „Сан“.

Една група која реагираше луто на промените се самите модели.

„Ја сакам мојата работа. Почитувана сум, добро сум платена и го претставувам тимот за кој работам. Не е добро било кој, посебно ‘феминистките’ да ја оценуваат нашата работа, и на ваков начин многу девојки дао станат без работа. Каде е еднаквоста и моќта тука?“, напиша Луси Стоукс на Твитер.

Софи Рајт, уште една поранешен модел беше уште поостра.

„Феминизмот сега ги чинеше девојките работа. Разбудете ме кога ќе заврши оваа политичка коректност и додајте ми го костумот од ликра! Обожавав да бидам девојка во Ф1“, напиша Рајт.

Крај на уште една Ф1 „традиција“ – нема веќе девојки за претставување (галерија)

Scroll to Top