Top Sport

Биното бара трпение од тифозите, но признава дека до титулата ги делат години

Шефот на Ферари, Матија Биното побара од тифозите да покажат трпение во обидот да се врати Скудерија на победите, но ги предупреди дека можеби ќе бидат потребни години да се вратат на шампионска патека.

Италијанскиот тим го имаше најлошиот викенд во десет години на неделното Белгиско ГП, со 13. и 14. место, а сега ги очекува трка на домашната патека во Монца, каде што секогаш е важна моќта на моторите, најголем проблем на црвениот болид. Тифозите најмногу го критикуваат Биното, поранешниот шеф за развој на моторите, за слабото лидерство на тимот.

„Колку долго ќе биде потребно? Мислам дека ако се погледне наназад кон победничките циклуси, понекогаш се работи за години. Нема ’сребрен куршум’ за решавање на работите во Формула 1, потребно е трпение и стабилност. Развојот на моторите е замрзнат оваа сезона, така што нема што да се направи. Го развиваме болидот за следната сезона и тоа е тоа. За да имаме подобра сезона во 2021, потребно е да ги разбереме слабите точки оваа сезона и да ги решиме“, вели Биното.

Scroll to Top