Top Sport

Биното: Ферари не згреши што не му даде нов договор на Фетел

Шефот на Ферари, Матија Биното вели дека целосно верува дека направил вистинска одлука кога тимот не му понуди нов договор на четирикратниот шампион Себастијан Фетел за 2021 година.

Фетел ќе замине по шест години во тимот со кој најголем успех му се вторите места во шампионатот во 2017 и 2018. По слабата 2019, Фетел рано во сезоната доби порака дека италијанскиот тим не смета на него и тој ќе биде заменет со Шпанецот Карлос Саинс Јуниор од Мекларен, а ќе замине во Рејсинг поинт, тим кој од 2021 ќе се вика Астон Мартин.

„Фактот што одлучивме толку рано и му го соопштивме тоа кажува дека сакавме да добие шанса да најде место. Среќен сум за него како возач, како човек, но и за Формула 1 бидејќи тој е важен возач. Ние го направивме нашиот избор. Ние го направивме нашиот избор и мислам дека тоа е исправниот. Пресреќен сум од Карлос и од Шарл. Одиме не само на победа, туку на поголем циклус, на создавање на темели за идниот успех“, вели Биното.

Scroll to Top