Top Sport

Биометриска тркачка ракавица за Ф1 возачите

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) планира дополнителни тестови на новите биометриски тркачки ракавици за Формула 1 возачите на Американското ГП во Остин овој викенд.

Ракавиците првпат беа тестирани во Хунгароринг во август, а сега возачите на Ред бул рејсинг, Форс Индија и Хас ќе ја имаат можноста да ги носат ракавиците кои ги читаат податоците од дланката – пулсот на возачите, нивото на кислород во крвта и други медицински податоци за медицинските тимови да можат да бидат подготвени за реакција во случај на несреќа.

Технологијата е заеднички проект меѓу возачот на медицинското возило во Ф1, Алан ван дер Мерве и официјалниот Ф1 доктор, Јан Робертс.

„Треба да се види невидливото. Кога сме на пат за медицинска несреќа, тоа што се случува во моментот од судирот до нашето пристигнување е непознато. Возачот може да биде во несвест 30 секунди, но ние нема да го дознаеме бидејќи тој нема да признае. Со овие информации ќе се помогне на возачите и на тимовите“, вели Ван дер Мерве.

Scroll to Top