Top Sport

БМВ отфрла можност за враќање во Формула 1

Германскиот автомобилистички гигант БМВ ја отфрли можноста за враќање во Формула 1 и покрај тоа што спостот од 2021 година поставува лимит на буџетот од 175 милиони долари со надеж дека ќе привлечат повеќе нови тимови и производители и ќе се направи спортот поконкурентен.

БМВ последен пат беше вклучен во Формула 1 во 2010 година кога беше сопственик на тимот на Заубер. Тие веќе имаат Формула Е тим во серијата со електрични болиди и победија во првите две од трите досегашни трки во 2019/20 и се задоволни со развојот на оваа технологија.

„В6 турбо-хибридниот мотор кој се користи во Формула 1 нема никаква врска со нашата работа во производство на автомобили. Од инженерска гледна точка, морам да им се поклонам на луѓето кои работат во Формула 1, но ако сме реални, таа технологија нема никаква важност за нашиот бизнис“, вели Јенс Маркард, мотоспорт директорот на БМВ во интервју за „Ауто билд“.

Scroll to Top