Валтери Ботас ја комплетираше доминацијата на првите тренинзи пред ГП на Тоскана на патеката Муџело во петокот, победувајќи го својот клупски колега од Мерцедес, Луис Хамилтон.
На првиот тренинг, Ботас беше најбрз со круг од 1:17.879, заа 0.048 секунди пред Макс Ферстапен и уште три десетинки пред Шарл Леклер во Ферари, а во втората тренинг сесија тој го спушти времето на 1:16.989, за две десетинки побрзо од Хамилтон, а Ферстапен заостануваше четврт секунда. На четвртото место беше Алекс Албон во вториот Ред бул, пред Даниел Рикардо и Естебан Окон во Рено.
Лендо Норис во Мекларен излета на третата кривина на патеката, уништувајќи го предното крило во ѕидот, но за среќа излезе од болидот без проблеми, иако предизвика прекин на сесијата. Себастијан Фетел и Кими Раиконен исто така се извртеа на патеката. Раиконен беше побрз од двете Ферарија, завршувајќи на деветтото место.
Into the barriers ?
We rarely ever see this from him – thankfully! It looks like minimal damage ?
Glad to see @LandoNorris is ok ?#L4NDO #LN4 #F1 #TuscanGP ?? pic.twitter.com/MycJ5BqFnG
— Lando Norris Updates (@LandoUpdates) September 11, 2020