Валтери Ботас заостанува 69 поени зад својот колега од Мерцедес, шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон и признава дека е тешко да се верува дека може да го предизвика за титулата, но тоа не значи дека признава дека Британецот е подобар возач од него.
Ботас ја вози четвртата сезона покрај Хамилтон во „сребрената стрела“ и во претходните три години Хамилтон лесно стигнуваше до трофејот.
„Секако дека верувам дека сум подобар возач од него. Кога сум на мојот максимум знам дека можам да бидам побрз и подобар од него. Има денови кога тој е подобар и последните години тој имаше подобри сезони, но тоа не значи дека е автоматски подобар возач. Јас не влегувам во политички изјави, туку само возам бидејќи го сакам тркањето. Мислам дека го покажав тоа на патеката“, вели Ботас.