Победникот на три ГП трки во кариерата, возачот на Мерцедес, Валтери Ботас го доби трофејот „Лоренцо Бандини“ за своите успеси во мотоспортот.
Наградата е воспоставена во 1992 година од Бризигела, домашниот град на Бандини, поранешниот Ф1 возач кој го загуби животот на Монако ГП трката во 1967 година. Гордиот Ботас го доби трофејот од сопругата на Бандини, Маргерита.
„Огромна чест. Ја видов листата на возачите кои го имаат освоено Бандини. Горд сум што добив признание за мојата работа, заедно со такви имиња“, изјави 28-годишниот Финец.