Возачите на Мерцедес ќе стартуваат од првиот ред на утрешната трка за Големата награда на Емилија Ромања. Пол-позицијата ја освои Валтери Ботас пред Луис Хамилтон.
Ботас во последниот круг го постави најбрзото време 1:13.609 минути и ја освои 15 пол-позиција во кариерата. Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Луис Хамилтон, задоцни зад Ботас за 9.097 секунди.
Најбрзите двајца ги следеше Макс Ферстапен од Ред Бул, а до него од вториот ред ќе стартува возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли.
Место во првите десет на стартот изборија Даниел Рикардо (Рено), Алекс Албон Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Данил Квјат (Алфа Таури) и возачите на Мекларен Ландо Норис и Карлос Саинц.
Трката за Големата награда на Емилија Ромања утре ќе започне во 13 часот.