Top Sport

Ботас, на крајот, може да заврши во Ред бул?

Советникот на Ред бул и човекот одговорен за изборот на возачи на тимовите на австрискиот гигант, Хелмут Марко ги подгреа лудите шпекулации дека неговиот тим следната сезона може да се реши да го отпушти Серхио Перез и на негово место да го донесе ривалот од Мерцедес, Валтери Ботас.

„Има некои опции кои ги разгледуваме, но засега не сакам да споменувам имиња. Првата намера, секогаш е да се продолжи со возачите кои ги имаме. Но, има време до Спа или Цандворт пред да ги потврдиме возачите. Постои голема разлика во перформансите меѓу Макс Ферстапен и Серхио Перез, и никој не е задоволен. Сметавме дека ќе биде поблизок до него, но тоа е се случи“, вели 78-годишниот Марко.

Дел од коментаторите сметаат дека шпекулацијата за носење на Ботас е само дел од „менталните игри“ на Марко и Ред бул, и дека целта е да се направи хаос во противничкиот тим пред вториот дел од сезоната.

Scroll to Top