Top Sport

Ботас на пол-позицијата по излетувањето на Хамилтон

Валтери Ботас осигура Мерцедес да има пол-позиција на Бразилското ГП, откако со својот најдобар круг го победи Себастијан Фетел во Ферари во саботните квалификации, откако шампионот Луис Хамилтон излета уште во првата сесија.

Ботас на крајот имаше блескав круг од 1:08.322, за да го совлада Фетел за само 0.038 секунди. Третото место го освои колегата на Фетел, Кими Раиконен, кој во вториот ред ќе стартува покрај Макс Ферстапен во Ред бул.

Во третиот ред се Даниел Рикјардо (Ред бул) и Серхио Перез (Форс Индија), во четвртиот Фернандо Алонсо (Мекларен) и Нико Хилкенберг (Рено), додека во петтиот се Карлос Саинс јуниор (Рено) и Фелипе Маса (Вилијамс) во својата последна домашна трка.

Хамилтон ќе стартува од дното по излетувањето во првата квалификациска сесија.

Шампионот Хамилтон ги исплаши фановите со драматично излетување

Scroll to Top