Top Sport

Ботас најбрз на првиот тренинг во Белгија, Хамилтон 18-ти

Валтери Ботас со Мерцедес имаше најдобро време на првиот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Белгија.

Со нешто помалку од две десетинки второ време имаше Макс Ферстапен од Ред Бул, Пјер Гасли имаше трето најдобро време.

Двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц беа на четврта, односно петта позиција, додека шесто време имаше Серхио Перез (Ред Бул).

Себастијан Фетел имаше седмо време со Астон Мартин пред Ландо Норис од Меклрен и двата возачи на Алпине, Алонсо и Окон.

Ленс Строл беше 11-ти во поредокот.

Шампионот Луис Хамилтон (Мерцедес) беше дури 18-ти според времето постигнато на патеката.

Вториот слободен тренинг на „СПА“ започнува во 15 часот, а трката за ГН на Белгија ќе се вози во недела.

Scroll to Top