Top Sport

Ботас најбрз на првиот тренинг во Португалија

Валтери Ботас забележа најдобро време на првиот тренинг, пред трката за Големата награда на Португалија. Најбрзиот круг, што го постави Финецот на патеката во Портимао, изнесуваше 1:19.648 минути.

Ботас, во Португалија ќе вози со болидот кој беше целосно оштетен на претходната трка во Имола. Механичарите на Мерцедес сепак успеаја да го вратат во погон.

Зад Ботас, следуваат возачите на Ред Бул. Макс Верстапен имаше за 25 илјадити делови од секундата послаб резултат од возачот на Мерцедес, додека Серхио През задоцни за 198 илјадити делови од секундата.

Четвртото место му припадна на Шарл Леклер од Ферари (+0.236), а петти беше актуелниот шампион Луис Хамилтон (+0.319).

 

Scroll to Top