Валтери Ботас повторно беше на удар на критичарите по слабата трка во Катар ГП, кога беше обвинет дека е сака да му помогне на својот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон во борбата за титулата со прелесно предавање на позициите, бидејќи знае дека од следната сезона ќе биде заменет со Џорџ Расел.
На критиките од новинарите се надоврза и шефот на тимот, Тото Волф.
„Знаеме дека може да биде многу брз кога е напред, така што брзината е тука. Имам доверба во него и се надевам дека ќе имаме брз болид. Потоа повторно ќе биде напред“, изјави Волф по трката.
32-годишниот Финец има едноставно објаснување за формата – нема идентичен болид со тој на Хамилтон.
„Ја знам причината, но не можам да ви дадам детали. Мојот болид веќе не е истиот како претходно, ниту пак некогаш беше истиот како тој на Луис. Има мала разлика во болидот“, вели Ботас во интервју за финскиот весник „Илта саномат“.